Мицкоски: Простувањето не значи беззаконие, туку поука и сила за правдата
Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам денешниот голем христијански празник Прочка, нека ни е за многу години, Бог да е со нас!
Денеска се присетуваме на милоста Божја, Бог кој е милостив кон сите нас и ги простува гревовите наши, без разлика колкави се, преку покајание и искрено срце Бог простува. Кога Бог простува тогаш зошто и ние помеѓу себе да не си простиме?!
Да си простиме со ближните, со познатите, со сите. Бидејќи само преку спокој може да бидеме достојни пред Бога. И нема човек кој не греши, но и затоа бараме и барам прошка за сите наши прегрешенија.
Поделбите мора да се надминат, да се постигне единство и правдата да завладее. Правдата ќе е силата за обесправените и таа сите ја должиме кон оние кои носат неправда.
Простувањето не значи беззаконие, туку поука и сила за правдата.
Духовноста нѐ учи на простување и тоа мора да биде наша водилка. Да не го оптеретуваме духот со гнев. За многу години Прочка.
Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил