Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година
Раст да платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, изјави претседедаелот на Владата, одговарајќи на новинарски прашања.
- Ќе има, предвидено е и тоа во рамките на буџетот имаме една работна верзија којашто ја досредуваме во периодот којшто следи, оваа недела би требало да ја доуредиме и почетокот на следната. И очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница ова предлог верзија на буџетот за следната година, па потоа нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето на заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, полека, сметката на Владата излегува од онаа негативно салдо коешто го наследивме, изјави Мицкоски.
Тој потсети дека сметката на Владата на 24 јуни годинава била околу минус дванаесет милијарди денари, минус 200 милиони евра и сега како што посочи се приближува кон позитивна нула и очекува веќе од октомври да биде плус, бидејќи дел од долговите се враќаат и како што нагласи, заборавените обврски се исполнуваат.
- Можам да ви кажам еве денеска, пред да дојдам тука имав состанок со директорот на поранешна ЕЛЕМ, денешна ЕСМ, таму некаде долгувањата се околу пет милијарди, некако ова петка им станувала заштитен знак, пет милијарди долгови за пензионерите, пет милијарди фондот за здравство, пет милијарди ЕСМ итн., итн. Долгови се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови. Отприлика,таа е реалноста што ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти, рече премиерот.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација