Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане компактна
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува да остане компактна пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по серијата оставки од функциите и исклучувањето на седумте пратеници кои гласаа за потребата од носење на уставни измени, што се неопходни за имплементација на Договорот од Преспа.
-Верувам дека во наредниот период пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе биде единствена со исклучок на пратеникот Панчо Минов кој одлучи да дејствува како независен. Изненаден сум од неговата постапка, бидејќи вели дека е искусен пратеник, а се налути за исклучувањето или разрешувањето од функцијата на Митко Јанчев. Јанчев не беше исклучен од партијата, но беше разрешен од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски во интервју за ТВ Алсат-М.
На прашaње дали смета дека по последните случувања во државата ВМРО-ДПМНЕ е изолирана од меѓународните претставници, Мицкоси посочи дека идната недела ќе оди во Хелсинки на конгрес на Европската народна партија.
-Таму ќе имам можност да имам средби со голем број претставници од меѓународната заедница кои се дел од нашите сестрински партии, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор во битолската болница по смртта на новороденче
-
Мерко не се чувствува виновен за назначување директори
-
Македонија не е спремна да се справи со евентуални шумски пожари
-
Со паѓање на системот почнаа уписите во средните училишта, рокот за пријавување е до 25 јуни
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Со закон ќе го спречиме поскапувањето на струјата
-
Бектеши: Новата Влада да најде решение за цената на струјата
-
Мицотакис не е задоволен со изјавите на Мицкоски