Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО. Во исто време од Брисел, кандидатката за нова еврокомесарка за проширување Марта Кос нагласи дека очекува земјава да го промени Уставот како што вети, за да може да продолжи на својот европски пат.
Мицкоски од Будимпешта изрази оптимизам за иднината на земјата, нагласувајќи дека се бориме за нашите аргументи и за вистината која не може да се заобиколи.
Изјавата на Премиерот доаѓа по средбата која на маргините на самитот ја имаше со францускиот претседател Емануел Макрон. Мицкоски на социјалните мрежи рече дека со него, отворено разговарал за деблокада на патот кон Европската Унија. Тој изрази оптимизам и потенцираше дека ќе вложи максимум да ги заштити националните интереси.
Средбата доаѓа во време кога Мицкоски активно работи на претставување на својот предлог за уставни измени со одложено дејство кој би требало да биде решение за ќорсокакот во кој се најдовме откако токму францускиот предлог кој го прифати претходната Влада не доби двотретинско мнозинство во Собранието.
Ново на Сител
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж