Македонија
20. November 2022 - 16:47

Мицкоски од конвенцијата на УМС: Бугарија има еден ас - Тоа е Ковачевски

Нема пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои власта ќе ги убеди да гласаат за промена на Уставот.

Партискиот лидер на годишната конференција УМС порача дека празни лидерски средби и пазар на пратеници сега нема да го спасат Ковачевски. Повика на техничка влада веднаш и брзи избори на пролет.

За ситуацијата во која се наѓаат македонско бугарските односи Мицкоски ги обвини и Заев и Ковачевски. Рече дека нивната попустлива политика Бугарија максимално ја искористила а тоа како што кажа предизвика сериозни последоци за македонската посебност и историја. Според него, Ковачевски е АС на Бугарија.

Во својот говор Мицкоски не штедеше критики ни за Ахмети кого го обвини дека во немоќ да се справи со катастрофалните услови во кои живеат Албанците,свесен дека се иселуваат и повеќе од Македонците се врти кон национализам и етнички теми.

Лидерот на УМС фокусот го стави на младите потенцирајќи ги проблемите со кои се соочуваат студентите.

На 32та годишна конференција на УМС присуствуваше партискиот врв, пратеници на опозицијата и лидери на политички партии од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ