Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на конститутивната седница на Собранието изјави дека очекува предлогот Африм Гаши да биде претседател на Собранието да биде поддржан од сите што се потпишани за тој да биде прв човек на законодавниот дом.
Во врска со изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека ќе даде бланко поддршка за проектите доколку Африм Гаши не биде претседател тој одговори дека Апасиев претходно имал понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се придружи кон македонското национално единство.
- Димитар Апасиев имаше бланко понуда да се придружи кон македонското национално единство, тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада, дали на некоја друга грчка плажа, рече тој.
Во Собранието денеска почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.
На дневен ред се избор на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.
Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието, место на кое ќе биде предложено да седне Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата „Вреди“.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“