Мицкоски: Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе економски бум
Економски бум најава опозицискиот лидер Христијан Мицкоски по средбата со бизнис секторот во Париз, Франција.
Опозицискиот лидер на социјалните мрежи пишува дека на средбата со претставниците на Француската стопанска комора посочил дека новата Влада којa ќе дојде по изборите ќе се фокусира на отворање на добро платени работни места и развој на модерни технолошки и енергетски проекти.
„На средбата стана збор за неколку конкретни проекти кои беа предмет на интерес на француските компании. Посочив дека следува период на промени во Македонија и воспоставување одржлив систем на владеење со правото кој ќе гарантира сигурност на бизнис заедницата. Наш интерес е Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот, преку процес на реформи кои ќе донесат економски бум, новата влада ќе работи за економски прогрес на сите граѓани.“ – пишува Мицкоски на Facebook.
Мицкоски ја финишира тридневната посета на Париз каде заедно со потпретседателот Александар Николовски и членот на Извршниот комитет Игор Николов, како што информираат од прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ имаа серија билатерални средби со повеќе претставници од францускиот Сенат, францускиот Парламент и претставници на француското МНР.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Променливо облачно со сончеви периоди, во среда повремени врнежи од дожд
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО