Македонија
2. December 2022 - 10:02

Мицкоски: Нов пад на индустриското производство

Нов пад на индустриското производство!

Во Октомври 2022 година споредено со Октомври 2021 година, индустриското производство во Македонија се намалило за 5,3%. Неспособната и криминална влада, „херојски” со своите политики го намалила производството во секторот рударство и вадење на камен за цели 13,2%, намалувањето во преработувачката индустрија е 4%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 9,2%.

Додека владата го намалува индустриското производство, економијата паѓа, истата влада „херојски” си договара тендери во четири очи за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ