Мицкоски: Не верувам и не поддржувам аболиција, не правам компромис со правдата
-Гледам дека станува актуелна темата со одлучувањето на Уставниот Суд, симтоматично преку ноќ, и на само неколку месеци пред изборите. По се изгледа самата тема стимулирана од провладините структури, ми изгледа за предизборна стапица каде нужно ќе се навраќаме како јавност на старите теми, се со цел да се заборави она што е вистински актуелно, а тоа се десетиците коруптивни и криминални зделки кои остануваат не само неказнето, туку за кои нема ниту истраги, како кеш, вирус, рекет 1 и 2, набавка на хелкоптери, тепање на вработен во општина од градоначалник, криминалци на слобода…
Кога станува збор за аболицијата како принцип, и особено што на чело на Владата имаме некој кој веќе поминал низ тој процес и е аболиран, ќе кажам дека сум човек кој не верува и не поддржува аболиција како принцип, особено што целата оваа дебата ми личи за подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта кои се плашат од одговорност за аферите сега, како и еден вид закаснета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци.
Иако сега власта ќе крева прашина, ќе создава вештачки непостоечки теми и хипотези, и ќе истакнува колку тие се против, сепак останува фактот дека ова е тема која единствено им одговара на Заев и СДСМ.
Јас компромис со правдата не правам, ниту сега и во иднина, а до крај ќе бидам за доследна примена на законите и Уставот, воспоставување на независно судство и обвинителство, како и одговорност за секој докажан криминал.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, став на Христијан Мицкоски за одлуката на Уставен суд
Ново на Сител
-
Трендафилов: Бизнисмените се алчни и вештачки ги зголемуваат цените за да направат поголем капитал
-
Teма на денот со Атанаско Туневски
-
Пропадна аукцијата за 15% од потребите на ЕВН Хоум - ЕСМ понуди струја за 60 евра мегават час
-
Се уште се чека понудата од ЕСМ за цената на струјата
-
Законот за облигациони односи под лупа на Уставен суд
-
Мицкоски подготвен за „непријатна средба“ со Мицотакис на НАТО самитот
-
ФФМ бара казна за Албанија – На политиката не и е местото во фудбалот
-
По вежба на Криволак, почина млад војник