Македонија
21. January 2022 - 21:20

Мицкоски не открива за што разговарале со Петков

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не открива за што разговарале со бугарскиот премиер Петков. Вели средбата траела повеќе од еден час, но во интерес на цивилизрано дипломатско ниво нема да открива детали. Смета дека комуникацијта меѓу двете држави сега излгедала културна, била интересна за дипломатите, но засега без суштина.

Мицкоски во тема на денот изјави дека очекува покана за средба од премиерот Ковачевски на која меѓудругото, би разговарале и за предвремени избори. Вели ќе побараат укинување на техничката влада за во најкус можен рок да се одржат предвремени парламентарни избори.

Според Мицкоски, превземањето на БЕГ од страна на државата ќе значело пренамена на топланите од гас на мазут, чекор кој како што вели, ќе донесе енормно загадување на воздухот.