Мицкоски: Не гледам проблем во тоа на личната карта да стои дека сум Македонец
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема ништо против да се воведе етничка графа во личните карти.
-Не гледам проблем во тоа, на личната карта да стои дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои од страна му служат на Зоран Заев, кои се обидуваат да го спречат тоа. Јас навистина не гледам проблем зошто во мојата лична карта не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец, рече Мицкоски, додавајќи дека некој тоа сака да го спречи.
Според него, оние кои сакаат да го спречат ова, претходно им сметал македонскиот јазик, Македонија и АСНОМ.
-Не им пречи да ја крадат и да ја пљачкаат сопствената земја. Затоа јас навистина не гледам што е тука спорно, ако во графата националност, нели бетон беше идентитетот, стои мојата етничка припадност дека ја сум Македонец. И инсистирам тоа да стои, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури