Македонија
20. October 2021 - 14:34

Мицкоски: Нашата рака е подадена, и за Левица и за сите други граѓани и партии

„Јас ја отворив широко вратата и на ВМРО -ДПМНЕ и на Коалицијата „Обнова за Македонија“. Секој оној кој сака да види во една напредна, чесна, честита Македонија, во која ќе има напредна економија, во која нема да броиме починати од КОВИД, нивното место е овде. Со политичари кои ја направија Македонија најкорумпирана, со најмногу починати од КОВИД, тоа се регресивни политичари затоа ги повикувам сите без разлика дали се леви, десни, конзервативни, центар, либерални да ни се придружат во овој нов блок за Македонија за сите луѓе“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешната изјава.

Мицкоски информираше дека е подадена рака и кон Левица и оти остава тие да одлучат.

„Нашата рака е подадена, оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам нека одлучат тие. Протесните гласови, гласовите против коалицијата на власт се во поголем број и се најмалку два пати поголеми од оние кои ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Затоа местото на гласачите на Левица е во најголемата коалиција и ги повикувам да дадат поддршка за да ја направиме Македонија пристојно место за живеење“, рече Мицкоски.

Тој рече дека во текот на вчерашниот ден разговарал со Африм Гаши и го поканил да биде дел од новото мнозинство во општините каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат мнозинство.

„Утре ќе се видам и со Зијадин Села. Дополнително ги повикувам сите да се приклучат во оваа најголема коалиција и да работиме со и за народот“, заклучи Мицкоски.

Според него мора да се вратиме енергијата кон народот, а тоа може само со работа и без корупција.