Македонија
20. October 2021 - 17:44

Мицкоски: Народот е обединет против Зоран Заев, надежта е родена

„Зоран Заев ништо не разбрал.

Зоран Заев само ја повторува истата прес конференција од лани кога исто така лажеше дека ја разбрал пораката, а продолжи да се однесува арогантно и криминално. Jа повтори и прес конференцијата од годината претходно кога истото го велеше, и повторно разочара. Зоран Заев доби и метла со која ништо не измете.

И ќе потсетам дека на овие избори арогантно ни велеа дека се најдобри, a прашањето е кога лажеа, кога го тврдеа тоа цела кампања, или сега кога по трет пат викаат дека ја разбрале пораката?

Вистината е дека Заев не кажа ништо ново освен тоа што повторно зборуваше за минатото, за некаков режим, за истите флоскули во кои никој не му верува. Сака да заборавите дека 5 години е на власт и пробува повторно да го потцени народот.

Кога зборува Заев за режим нека си погледне во сопствениот дом, во Куманово, притисоците за гласање во Прилеп, Велес, Сарај, Битола, за односот кон луѓето и нивните гласови како да се негова сопственост.

Заев ќе ти кажам дека народот, ние самите сме господари над сопствените судбини и дека никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе.

Народот е веќе обединет, но против тебе и се она што ти преставуваш во политиката. Надежта е родена, и таа ќе победи!

П.С Бидејќи гледам дека Заев има некои дилеми да одговорам, Скопје ќе работи многу подобро без централната власт на Заев затоа што ќе биде ослободено од притисоци за тендери и кражби на парите од граѓаните кои по смената ќе завршуваат за проекти и ќе бидат одлично менаџирани од Градот Скопје и новите градоначалници. А по смената на централната власт заедно со локалната, државата заеднички ќе ја внесеме во ЕУ каде и припаѓаме. На чекор од заедничката и нова иднина!“ , напиша Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ