Македонија
2. October 2021 - 20:43

Мицкоски: Наместо да понесе политичка одговорност, Филипче промовира мали зоранчиња

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Тетово истакна дека 14 луѓе живи изгореа во модуларната болница заради неспособноста на власта, а Филипче наместо да понесе политичка одговорност, тој оди по митинзи да ги промовира малите зоранчиња.

- Овде во Тетово 14 луѓе живи гореа и предвреме го загубија сојот живот, бараа спас во модуларната болница, бараа спас да бидат лекувани од ковид пандемијата, а тие живи изгореа. И наместо денеска да ги гледаме надлежните со лисици на рацете, ние ги гледаме како кловнови во циркус како ги забавуваат малкумината кои дошле да им ракоплескаат, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека лично тој при посетата во Тетово дал ветување дека одговорните мора да се изнесат пред лицето на правдата.

- Кога бев во Тетово ветив и стојам позади тоа,  вистината за тој случај мора до крај да биде истражена и виновниците, сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, а јас им ветувам фер и транспарентна судска постапка, мора да се знае кој е виновен и да одговара, не само политички морално туку и кривично, рече Мицкоски.

Тој додаде дека власта без нималку срам велат дека се најдоброто за општините за Тетово, за Македонија, а во суштина се најлошото, затоа што завија во црно повеќе од 6000 семејства, кои загубија свои блиски поради неспособноста на власта.

- Наместо да креираат протоколи, наместо да реновираат и градат болници, тие трчаа по Европа и светот за провизии од вакцини додека народот им умираше Денеска ќе го видите оној кој е најодговорен за таа состојба Венко Филипче како скока по празни плоштади и ги занимава тие малкумина кои дошле да му ракоплескаат и ги преставува тие мали зоранчиња кандидати за градоначалници. Наместо покрај моралната да понесе политичка,  а после избори и кривична одговорност, нагласи Мицкоски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ