Македонија
2. February 2020 - 16:06

Мицкоски на средби во Гевгелија: Стопанството приоритет во изборната програма

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија оствари средби со бизнис заедницата, други целни групи и со граѓаните со кои разговараше за реалната состојба во државата.

Тој нагласи дека приоритет во изборната програма ќе има стопанството бидејќи, како што рече, без здрава економија и без реален сектор државата не може да напредува.

-Денеска овде посетивме два стопански производни капацитети, разговаравме со сопствениците и мислам дека произлегоа корисни заклучоци од кои дел се веќе предвидени во програмата „Обнова на Македонија“, но дел ќе бидат и предвидени, рече Мицкоски. 

Тој истакна дека на ранг листите на реномираните светски  институции нашата држава е меѓу најкорумпираните земји во светот, на 106 место односно пад од цели 12 места, забалажеувајќи дека истовремено има пад на индустриското производство и на бројот на вработени во индустријата, како и скандали и корупција во здравството, а причина за тоа, како што рече, се Зоран Заев и СДСМ.

Мицкоски во Гевгелија имаше средби и со здравствените работници во „Негорски бањи“ и со гевгелиските пензионери.