Мицкоски на средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан
Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, г. Александар Николоски остварија средба премиерот на Република Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕШ, Виктор Орбан. На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања.
Една од темите беше справувањето со Ковид кризата која преставува заеднички предизвик на државите од Европа, при што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја потенцираше потребата од поддршка и отворена соработка со оглед на фактот што Македонија е една од земјите која досега има најголеми последици од оваа пандемија.
Исто така на средбата беше отворено прашањето за мигрантскиот бран и состојбата на јужната македонска граница, при што Мицкоски ја отслика состојбата со авганистанските бегалци во Македонија. Соговорниците разменија мислење и ја потенцираа важноста за поддршка на заеднички иницијативи како што е Иднината на Европа, кои ќе овозможат перспектива и нови можности. Од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше посочено дека Македонија во изминатите години владата има исклучително слаб учинок во справувањето со корупцијата и подобрувањето на економскиот амбиент во државата, што е евидентирано и посочувано од страна на нашите меѓународни партнери. Тоа пред се се должи на немањето на капацитет и волја од страна на власта, но беше посочено дека Македонија и македонскиот народ заслужуваат отворање на процесот на преговори, затоа што реформските политички сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе имаат можност да спроведат брзи и итни чекори за приближување до европските стандарди.
Претседателот Мицкоски посочи дека државата мора да има целосно дефинирани цели и дека граѓаните заслужуваат иднина базирана на промени, реформи и нови успеси.
Соговорници ја истакнаа одличната соработка на двете сестрински партии и се заложија поддршката да продолжи да се развива и унапредува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно
-
Прв случај на мпокс потврден во Косово
-
Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии
-
Возач од Прилеп тешко повреден откако излетал од патот
-
Пиштол и 53 куршуми пронајдени кај лице од Сарај
-
БиХ: Си ја убил сопругата, па се пријавил во полиција
-
НБ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
-
Лавров: Двосмисленото однесување на Франција го поткопува дијалогот за мир во Украина