Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст
Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил напиша дека имал чест да учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде што се собрале истакнати лидери, претставници на партии и клучни носители на одлуки од цела Европа.
- Самитот беше платформа за размена на мислења и идеи за иднината на Европа, особено ме радува фактот што Македонија останува дел од овие стратешки разговори и партнерства. Нашето активно учество на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на нашата земја во европскиот контекст и за придонес кон заедничката визија за стабилна и просперитетна Европа, напиша Мицкоски.
Разговорите и дебатите на Самитот, објави тој, биле значајни за насочување на идните политики, а уште поважно, за градење мостови на соработка со европските партнери.
Претходно, Мицкоски на фејсбук напиша дека е уверен дека ваквите средби се од голема важност за понатамошниот напредок на Македонија на нејзиниот европски пат.
- Ова е уште еден чекор напред кон нашите заеднички цели за стабилност, економски раст и посилно присуство на меѓународната сцена, напиша Мицкоски. Денес учествувам на Самитот на Европската народна партија во Брисел. Разговараме за продлабочена соработка, за регионални иницијативи и за европските перспективи. Ова е прилика за лобирање за македонските интереси и иднината на државата како дел од европското семејство, објави претходно премиерот.
Ново на Сител
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина