Мицкоски: На лидерска средба и со прашањето за предвремени парламентарни избори
Подготвен сум за четири дена од денеска да зборуваме за сите отворени прашања како и за определување датум за одржување предвремени парламентарни избори. А без ова прашање не може да се разговара. Тие се проблемот, а решението е предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Прилеп. Мицковски прифаќа лидерска средба, но ако се зборува за она што им е потребно на граѓаните, а тоа се предвремени парламентарни избори за да се излезе од кризната состојба.
-Подготвен сум да зборуваме за сѐ што е актуелно и им е потребно на граѓаните, а предвремени парламентарни избори се неопходни час поскоро да се случат за да може Македонија да излезе од оваа кризна ситуација во која се наоѓа. Подготвен сум за четири дена од денеска да зборуваме за сите отворени прашања како и за определување датум за одржување предвремени парламентарни избори. А без ова прашање не може да се разговара. Тие се проблемот, а решението е предвремени парламентарни избори. Нудиме четири тима за да седнеме да разговараме и да помогнат од денот кога ќе седнеме да разговараме до денот кога ќе договориме избори за Македонија да излезе што помалку оштетена од сите овие кризи кои оваа влада која е неспособна не може да ги реши, изјави Мицкоски.
Мицкоски во Прилеп учествуваше на отворањето на обуката на тема „Јакнење на капацитети на локалните заедници“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, на ВМРО-ДПМНЕ и на партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“.
Ново на Сител
-
Обвинителството се уште презема мерки за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина
-
Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол
-
Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми