Македонија
26. October 2021 - 13:39

Мицкоски: Излезете и гласајте масовно, нема да има реваншизам кон недолжни граѓани, потребен ни е секој човек

Денеска сме овде во Гевгелија да порачаме пред гевгеличани дека првиот круг сме им благодарни за поддршката која што ја доби нашиот кандидат Андон, за градоначалник овде во Гевгелија, но и победата на советничката листа која што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија ја оствари овде во Гевгелија.

Да се заблагодариме за искрената поддршка но истовремено и да ги реафирмираме и потврдиме нашите ставови дека сето она за кое што се залагавме во кампањата и сето она за кое што се залагавме изминатиот период ќе биде реализирано и испорачано пред гевгеличани.

Свесни сме за притисоците, заканите, обидите за поткуп кои што помеѓу двата круга ги прави власта овде во Гевгелија, сите оние не принципиелни понуди и сето она кое што се случува овде во Гевгелија, дека се случува.

Нашата порака до гевгеличани е дека сето ова може да се превенира само со масовна излезеност во вториот круг и поддршка за идниот градоначалник Андон Сарамандов.

 Само на тој начин можеме да застанеме на пат на овие девијантни однесувања на оваа криминална и корумпирана власт која што изминатите 52 месеци практично ја пљачка, понижува и омаловажува Македонија, македонскиот граѓанин и народот на Македонија.

Втората работа која што исто така сакаме да ја порачаме до гевгеличани е дека сме свесни за непринципиелната црна кампања која што се води веќе кон ВМРО-ДПМНЕ и кон Андон Сарамандов, прогласувајќи не сите нас за “зло“, што навистина не би сакал да го коментирам, бидејќи тоа говори за домашното воспитување на власта предводена од СДСМ, стравот кој се обидуваат да го наметнат кон вработените во јавната администрација, локалната самоуправа и останатите вработени во приватниот сектор додека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори тогаш тие ќе биле жртва на некакво реваншистичко однесување, дека ќе се бркало од работа итн.

Сакам да ги убедам гевгеличани да бидат спокојни, да бидат мирни, нашата цел не политички реваншизам, нашата цел е напротив спроведување на законите, чесно работење, да создадеме заедно нова иднина бидејќи сето она кое што се случува изминатите 52 месеци е спротивно на она за кое што ние се залагаме. Нека бидат спокојни, секој оној кој што чесно домаќински си ја работи својата работа со платата која што ја заработува, го храни своето семејство, обезбедува егзистенција за своето семејство е наш пријател и ние ќе бидеме рамо до рамо со тие луѓе.

Но, сите оние кои што се огрешиле пред законот навистина треба да бидат загрижени.

Така што, почитувани гевгеличани немојте да се грижите за вашата иднина, вашите работни места се сигурни и вие таму ќе бидете во иднина, а нашиот план е да обезбедиме дополнително работни места, и дополнително да ја вратиме сјајот на Гевгелија и овој регион.

Тоа е она за кое што ние се залагаме, ВМРО-ДПМНЕ сака да гради иднина, а  не да се враќа назад во минатото и да брка некакви сеништа за кои што денеска зборува нашиот политички противник, власта и СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ