Мицкоски и ја честита на ЦДУ изборната победа во Германија
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка за победата на ЦДУ на парламентарните избори во Германија.
- Честитки за значајната победа на ЦДУ на изборите. Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија. Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени, наведува Мицкоски во честитката објаена на неговито фејсбук профил.
Според резултатите од вчерашните избори во Германија, конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ предводен од Фридрих Мерц освои 29 отсто од гласовите, пред екстремно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која е на второ место, со околу 20 проценти доверба. Социјалдемократите (СПД) на канцеларот Олаф Шолц се трети со 16 отсто, а потоа Зелените со 13,5 отсто од гласовите.
Во Бундестагот влегуваат уште и Зелените и Левица, додека Слободната демократска партија (ФДП) и Партијата Разум и правда (БСВ) на Сара Вагенкнет се под изборниот праг.
Одѕивот на изборите е рекорден 84 отсто.
Ново на Сител
-
Германците и турците најбројни туристи
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите