Македонија
26. November 2021 - 15:12

Мицкоски: И да си замине Заев, заевизмот ќе остане, тој ќе најде пион кој ќе го продолжи неговиот лик и дело

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната изјава во општина Аеродром дали очекува промени од новата власт предводена од СДСМ, рече дека не очекува од овие луѓе кои што се сега во СДСМ, посочувајќи дека Зоран Заев и да замине, заевизмот ќе остане, бидејќи како што рече тој Заев и да замине ќе најде пион кој што ќе го продолжи неговото лик и дело.

Не очекувам од овие луѓе кои што се таму во моментот, не очекувам, ако ти продолжат и понатаму да менаџираат со политичката партија СДСМ, не очекувам, бидејќи Зоран Заев ќе си замине сливно кажано, а заевизмот ќе остане. Претпоставувам се обидува да најде некој пион кој што ќе го продолжи неговиот лик и дело и во владата и во СДСМ. Така што таму треба суштински да се сменат работите, но повторно ќе кажам, нема да навлегувам во дополнителни коментари, тоа е нивна работа, тие најдобро знаат како треба понатаму да функционираат. ВМРО-ДПМНЕ она кое што го интересира и она на кое што е фокусирано тоа е испорака на ветеното на граѓаните, вели Мицкоски.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ