Мицкоски: Гласајте за да не биде предоцна, гласајте за да создадеме заеднички нова иднина
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг во Пробиштип порача граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните локални избори.
Според Мицкоски, сега е моментот кога се одлучува за иднината.
– Сакам најголемиот аларм да го испратам до луѓето во Пробиштип, до луѓето во Македонија, излезете на избори за да не дозволиме да ни ја украдат иднината. Излезете рано наутро што е можно помасовно, што е можно во поголем број. Не постои власт која може да победи со поткупени гласови, колку што може народ да излезе и да ги казни тие што ја одземаат заедничката иднина. Излезете масовно, стари и млади, земјоделци, вработени и невработени, професори, наставници, доктори, пензионери, студенти гласајте во недела. Уште утрината. Гласајте за да не биде предоцна, гласајте за да создадеме заеднички нова иднина, рече Мицкоски.
Хероите, оцени, се луѓето од секојдневието – соседите, пријателите, познаниците, работниците.
-Херои се луѓето кои не ги познаваме, но имаат срце за оваа земја и нивната надеж која нема да ја разочараме. Хероите се младите луѓе кои се борат и сонуваат за Европа која досега за жал не им ја овозможивме, земјоделците кои што бараат достоинствено да им се плати трудот, докторите кои бараат достоинствени услови, наставниците и професорите кои бараат повисоки плати. Ние ќе се жртвуваме за нив, ние нема да се предадеме, ниту сега, ниту некогаш во иднина, напомена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски се осврна на состојбите во земјоделството, обвинувајќи дека власта, иако ветила, не остварила повисоки субвенции, ниту поголеми откупни цени.
-Како што е лошо во енергетиката, уште полошо е во земјоделството. Сте виделе ли среќен или задоволен земјоделец изминативе 52 месеца, петта година по ред. А, ветуваа и не остварија повисоки субвенции, поголеми откупни цени. Зоран Заев и Љупче Николовски ги третираат земјоделците како робови, од чија мака печалат. И мислат дека ако дојдат тука пред избори и повторно ги ветуваат истите работи кои не ги исполниле, дека така ќе ги измамат повторно напатените луѓе, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала