Македонија
6. October 2023 - 14:58

Мицкоски-Гир: Разговор за идните планови и цели важни за Македонија

Корупцијата и криминалот и неспособноста на власта да се справи со кој било предизвик, била темата за дебата на средбата меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и амбасадорот на Европската Унија во РС Македонија, на која присуствувале и потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски.

- Претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски на средбата со Гир разговараа за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата со Гир се зборуваше и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, односно за корупцијата и криминалот. Амбасадорот го информираа за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тројцата претставници на партијата укажале на неспособноста на власта да се справи со кој било предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција. 

-Претседателот Мицкоски ја истакна лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните, велат од партијата.