Македонија
24. February 2020 - 17:08

Мицкоски ги повика граѓаните на марш, за СДСМ ова е протест против правдата

Бомбата на Милошоски го вади ВМРО—ДПМНЕ на улица. Со марш од Обвинителството до Врховниот суд утре, опозицијата ќе бара одговорност за како што велат, главата на рекетот. Опозицискиот лидер денеска на прес конференција екс премиерот Заев го нарече правдоубиец обвинувајќи го дека и пукал на правдата во чело.

Протестот на опозицијата доаѓа откако вчера, пратеникот Антонио Милошоски објави снимки кои според него покажуваат дека екс премиерот Заев влијаел на пресуди на Врховниот суд и нарачувал обвиненија во координација со Катица Јанева.

Заев вчера потврди дека снимките се автентични но демантираше влијание врз правосудниот систем.

Од неговата партија денеска со став дека снимките воопшто не го компромитираат Заев.

Милошоски за Сител вели дека уште утрово го контактирал обвинителство по што бил поканет утре рано наутро да ги достави снимките. Што ќе прави обвинителството на Рускоска со нив ќе се знае откако ќе бидат анализирани, а од СДСМ велат дека согласно законот, овие снимки не може да бидат докази, бидејќи биле снимани незаконски.