Македонија
19. April 2024 - 16:40

Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување

ВМРО-ДПМНЕ ги покани Апасиев и Димитриевски на обединување за македонско национално единство. Повкиот го упати лично опозицискиот лидер на стартот на кампањата за парламентарните избори, најавувајќи дека во неа, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги напаѓа опозициските партии.

На Димитриевски му е мило. Вели, идејата потекнала од неговата партија.

Во Левица не се расположени. Партискиот лидер на социјалните мрежи низ грчко-римска поезија ја отфрли оваа идеја. 
„Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци.

Термометарот на ЖЕСТОКОСТА во критиката не смее да се спушти ниту за степен! – напиша Апасиев на социјалните мрежи.

Во ДУИ, зад камерите велат дека се загрижени, пред нив, демонстрираат отвореност за сите.

Левица и ЗНАМ се единствените партии надвор од големите блокови кои имаат шанси за пратенички мандати на овие избори. Прогнозите велат дека заедно би можеле да добијат и над 10 пратеници.