Мицкоски: Францускиот предлог е нокаут со продолжено дејство
Овој модифициран предлог за кој се говори го немаме видено, ниту истиот сме го прочитале. Но можеме да кажеме врз основа на информациите кои ги имаме тој не е ништо друго освен два различни збора од првиот предлог. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија сега имаме нокаут со продолжено дејство, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски кажа дека има сомнителни работи дека предлогот не е добар и дека се работи за дипломатски нокаут.
Овој предлог веднаш беше прифатен од Петков и Радев. Во државата нема влада и парламент, моменталниот мандатар и актуелниот претседател истиот овој модифициран предлог е одлично решение и ведбаш го прифатија.
-Се чудам од каде знае Еди рама дека овој предлог е прифатлив за Македонија и макеоднскиот народ а македонскиот народ и ВМРо-ДПМНЕ не го знаат? Од каде рама ја има информацијата а ние со граѓаните ја немаме?
-Сметам дека е нокаут, зашто СДСМ и ДУИ имаат традиција на предавство, затоа предлогот го кријат наместо да ја запознаат јавноста, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите