Мицкоски: Европа треба да се одважи да му даде признание на овој народ и да ни даде датум за преговори
ЕУ треба да се одважи и да даде датум за преговори за Македонија и да не ја уценува државата со дополнителни отстапки, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода и додаде дека во спорот со Бугарија е прифатливо секое решение кое е во рамки на Резолуцијата која беше донесена во македонското Собрание.
- Секое решение кое е во рамките на Резолуцијата која е поддржана од политичките партии во македонскиот Парламент, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Иако во минатото не убедуваа дека немаме отворени прашања со соседите, но како и во други случаи тие лажат, така е и овој пат. Се обидуваат повторно со политички маневри да ја замајуваат јавноста, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека час поскоро треба Македонија да добие датум за преговори со ЕУ и тоа треба да се случи сега на овој декемвриски европски самит и не треба писма да пишуваат било кои од европските политичари, туку треба да се следат европските елементарни цивилизациски вредности.
- Овој народ многу пати во минатото застанал на тие европски цивилизациски вредности, овој пат треба Европа да му врати на народот на Македонија и да не не уценува со дополнителни отстапки. Тоа нема да го прифати ВМРО-ДПМНЕ. Треба веднаш да се даде зелено светло, Македонија да започне преговори со ЕУ. Европа треба да се одважи да му даде признание на овој народ и да ни даде датум за преговори, изјави Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада