Мицкоски: Договорот со Грција е против македонските национални интереси и држава
Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Тој е против македонските национални интереси, против македонската држава. Тој е „диво месо“ вметнато во здрав организам што не гуши и допрва ќе не влече надолу ако не се спротиставиме, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето пред учесниците на протестниот марш што опозициската партија го организираше денеска во Охрид.
Партискиот лидер пред симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ потсети на некои историски моменти, во кои меѓународната заедница ветувала подобра иднина за земјата преку прифаќање отстапки како привремената референца, менувањето на знамето, Уставот, Рамковниот договор, територијалната реорганизација.
- Прифативме се што бараа од нас, и во 90-те, и во 2001 и во 2004. Сега да се одважиме, да го промениме пристапот и ова што денеска ни се нуди да не го прифаќаме, затоа што е против нашите интереси, против она што ни го оставија нашите предци. Затоа што тоа е договор за промена на нас самите, рече, меѓу другото, Мицкоски.
Тој уште испрати предупредување до граѓаните на земјата дека доколку помине ова што сега се нуди, како што рече, „со прифатениот договор се губи националниот идентитет и воедно се дава сопирачка во рацете на Грција да го блокира европскиот пат на Македонија кога сака и како сака“.
- И доколку ова помине, години потоа ќе дојде момент кога Грција повторно ќе поставува нови услови, а ние тогаш ќе бидеме со сменет идентитет, историја и образование. Ако со референдумот се даде зелено светло на договорот со Грција, практично се вклучува црвено светло за референдумот од 1991 година, рече Мицкоски притоа укажувајќи на нивната содржинска спротивност, дека првиот бил за создавање самостојна, независна, суверена Македонија, а овој за спротивното – промена на името, идентитетот и губење на Македонија каква што е изгласана во 1991 година.
Опозицискиот лидер ги посочи законските одредби според кои за успешност на престојниот референдум е потребна излезност од повеќе од 900 илјади гласачи од кои половината да го поддржат договорот, а упати и сериозни критики кон актуелната власт предводена од премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...