Македонија
23. February 2021 - 20:42

Мицкоски бара техничка влада и предвремени избори

Оставката на Оливер Спасовски не е доволна. По бегството на Сашо Мијалков, лидерот на опозицијата бара оставка на целата влада и организација на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Мицкоски јавно ги повика сите пратеници во Собранието без разлика која партија ја застапуваат да не бидат како што рече соучесници на мафијата и да му ја откажат поддршката на Заев. Кога ќе ја имаат можноста да се изјаснат Мицкоски не открива иако потврдува дека опозицијата ќе го постави во Собранието прашањето за доверба на Владата.

Опозицијата веќе подолг период зборува дека власта нема мнозинство во Собранието и најавува рушење на актуелната власт. Лидерот Мицкоски денеска порача дека во периодот кој следи опозицијата тргнува уште пожестоко во како што рече, рушење на оваа криминална власт.