Мицкоски: Ако Заев го одбрани националниот интерес ќе му честитам, ако направи предавство ќе му се случи народ
Опозицијата ќе и даде поддршка на власта доколку со Бугарија постигне договор со кој ќе се заштити посебноста на македонскиот јазик и идентитет, но доколку Заев повторно се испазари на штета на националните интереси, тогаш ќе му се случи народ истиот ден. На 3 дена пред крајниот рок за договор со официјална Софија, опозицискиот лидер Мицкоски ја предупредува власта да не прави повеќе отстапки
Сакам ова да го потенцирам, ако Владата постигне решение, внимателно ќе повторам ако владата постигне решение недвосмислено заштитувајќи го нашиот македонски јазик и неговата антропологија и историја, ако владата постигне решение а притоа да не се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако владата постигне решение во кое што ќе ги заштити историјата, имињата и жртвата на дејците кои што животот го положија за независна македонска држава, ако владата постигне решение во кое што нема окупаторите да бидат административци, тогаш јас ќе бидам првиот кој што ќе застанам овде пред вас и ќе им честитам и ќе им ја стегнам раката, и ќе им речам секоја чест ги запазивте и одбранивте македонските национални интереси
Но, во исто време предупредувам, ако владата се обидува да преговара за решение кое што ќе го негира нашиот идентитет, историјата, антропологијата на нашиот македонски јазик, неговата посебност, во кое што ќе ги понижи жртвите на македонските дејци кои што се бореа за независна македонска современа држава, ако во исто време преговара за решение со кое што ќе се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако во исто време преговара за решение кое што подразбира дека окупаторот бил административец, тогаш јас ви ветувам ќе им се случи народ истиот ден низ цела Македонија. – рече Мицкоски
Мицкоски откри детали од разговори кои ги водел со високи бугарски функционери кои како што рече, сега од Заев бараат да ги исполни ветувањата кои ги давал како опозициските лидер пред да дојде на власт во 2016.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО