Македонија
13. January 2021 - 13:28

Мицкоски: Ако власта нема што да крие нека го покаже документот со 12 точки

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја повика власта да го покаже пред јавноста документот со 12 точки за кој се разговара со Бугарија и да се појават на дискусија во Собранието.

Време е да се излезе пред јавноста и да се отворат картите.

„Ако нема што да кријат, ако не распродаваат, тогаш – ајде господа, охрабрете се, излезете пред македонската јавност и отворете ги картите. Доста е криење, доста е лажење, доста е манипулирање“, рече Мицкоски.