Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
Али Ахмети има редовна комуникација со Груби и го советувам да се врати во земјава и да се соочи со правдата, порача премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашањето кога Артан Груби ќе се врати во земјава поставени при неговото гостување во вестите на ТВ Алсат.
- Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе се врати. Јас би сакал да се врати уште денеска, затоа што единствениот начин да одговори на сите прашања е да биде тука присутен и да даде одговор, потенцираше Мицкоски.
Во однос на најавите од пред неколку месеци за обид за дестабилизација во земјава од страна на ДУИ и зошто сега нема такви изјави, Мицкоски рече дека обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат и додаде дека земјава е стабилна како никогаш досега.
- Обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат во тоа и дека ќе бидеме нестабилна држава. Како што гледате девет месеци не само што сме стабилна држава, туку и на меѓународен план постигнуваме такви пријателства и такви сојузништва што се незапаметени во независна Македонија, нагласи Мицкоски.
За можна соработка со ДУИ, премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен од соработката со коалицијата ВРЕДИ и односите во владината коалиција се кохезивни, цврсти, а, како што рече, цел на коалицијата е подобро утре за граѓаните и државата.
- Така работиме и ќе продолжиме да работиме, потенцираше Мицкоски.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава