МИ: Македонските одбојкари под казна предвреме се враќаат од Тарагона
Македонската одбојкарска репрезентација неславно го заврши своето учество на Медитеранските игри што се одржуваат во шпанскиот град Тарагона.
Иако во Тарагона требаше да останатдо до крајот на игрите, сепак недоличното однесување кое траело во доцните вечерни часови (неофицијално до 3 часот наутро), на што реагирале организаторите, но и другите олимписки национални делегации присутни таму, е главната причина поради која Македонскиот Олимписки Комитет реши да ги санкционира одбојкарите и веќе утре или задутре (во зависност од авио конекциите) да ги врати во Скопје.
Ова е уште еден неславен настап на нашите одбојкари, кои со своите настапи во Европската Сребрена Лига беа далеку од очекуваното, па ниту предноста на домашниот терен на фајнал-фор турнирот не успеаја да ја искористат, за на крајот да завршат како 4-то пласирани и тоа со само две победи над Косово и дури шест порази.
Во скоро време очекуваме и официјален став од Македонскиот Олимписки Комитет
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина