МФ:Вратени 18,3 милиони евра во стопанството, задолжувањето на домашен пазар се приближува кон нула
Министерството за финансии денеска врати 1,126 милијарди денари или 18,3 милиони евра во стопанството по основ на издадени и доспеани за отплата државни записи.
На вчерашната аукција Министерството повлече двојно помалку средства, односно 569,9 милиони денари или 9,2 милиони евра. На овој начин нето задолжувањето преку државни записи, само преку оваа аукција е намалено за 9 милиони евра.
- Со ова Министерството ја реализира најавата и ја исполнува определбата за намалување на повлекувањата на средства од домашен пазар. Ваквата стратегија треба да остави повеќе ликвидни средства во стопанството, што би придонело за зголемено кредитирање на корпоративниот сектор и со тоа раздвижување на економијата, велат од Министерството за финасии.
Во изминативе два месеца, потенцираат, се откажани дури три предвидени аукции на државниот пазар. Нето задолжувањето по однос на државни записи се приближува кон нула.
Ново на Сител
-
Третпат снема струја на Куба
-
АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Младо момче тешко повредено
-
На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија
-
МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
-
Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД