МФ: Јавниот и државниот долг се намалени во четвртиот квартал
Министерството за финансии во реакција на соопштението на СДСМ за јавниот долг, наведува дека тоа е класична манипулација на партијата како дел од ПР кампањата која ја водат за јавниот долг.
- Секој кој ќе ја отвори веб-страната на Министерството за финансии може да го прочита извештајот за јавниот и државниот долг и да види дека и државниот и јавниот долг се намалени во последниот квартал од 2016 година, се наведува во реакцијата.
Појаснуваат дека состојбата што е објавена од Министерството за финансии вчера е заклучно месец декември и оти методолгијата која се применува за пресметка и прикажување на јавниот долг е усогласена со ММФ.
- Иако СДСМ постојано се повикува на ММФ за разни економски теми, кога станува збор за јавниот долг на земјава секогаш испуштаат да кажат дека Фондот истакна дека Македонија води прудентна политика на јавен долг. Исто така, Фондот препорачува за земјите во развој каква што е Македонија, јавниот долг да се движи во границите меѓу 49 отсто до 58 отсто, се истакнува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања
-
Одржливо управување со отпадот на локално ниво - проект финансиран од Шведска
-
Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“