МФ: Исплатата на плати, како и другите буџетски расходи се реализираат врз основа на обезбедени средства во буџетот
Процесот на исплата на платите на вработените во јавниот сектор е регулиран и се спроведува врз основа на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети, а согласно обезбедените финансиски средства. Тоа е процес кој Министерството за финансии, го спроведува преку секторот буџет и секторот трезор, кои постапуваат согласно предвиденото во усвоениот Буџет и законските одредби, истакнаа од Министерството за финансии.
Оттаму истакнаа дека МФ е институција одговорна за подготовка и реализација на буџетот и тоа се извршува ефикасно, професионално и одговорно, во континуитет, од страна на надлежните сектори во Министерството за финансии, поточно секторите буџет и трезор, бидејќи станува збор за пари на граѓаните.
- Секоја дополнителна обврска што се презема од страна на институциите во однос на исплата на плати, како и секоја друга финансиска обврска во буџетот, треба да биде предвидена во рамки на усвоениот Буџет во Собранието, бидејќи секторот трезор, може да реализира само налози кои се во согласност со усвоениот Буџет од страна на Собранието на СР Македонија. Ова се применува кон сите институции и буџетски корисни без исклучок. Сите дилеми кои евентуално се појавуваат во некоја институцијата, во врска со реализацијата на буџетот, Министерството за финансии, преку задолжените сектори, во отворена комуникација со истите институции, вклучително и Кабинетот на претседателот на РС Македонија, ги решава прашањата во рамки на законските прописи, нагласија од МФ.
Ново на Сител
-
Камениот мост осветлен во црвено за подигнување на свеста за туберкулозата
-
Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок
-
Најмалку 165 лица се повредени во денешниот земјотрес во Иран
-
ДСЗИ: Не се констатирани недостатоци во битолската болница
-
Макрон: Договорот Србија-Косово е важен напредок и треба веднаш да се спроведе во целост
-
Татко од струшко село со дрво ја тепал ќерка си
-
„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања
-
Двајца малолетници тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје – Тетово