МФ: Демантираме дека била забранета комуникација на вработените со техничката дополнителна заменик министерка за финансии
Транспарентноста е приоритет на Министерството за финансии и Владата. Од таа причина, а и со цел точно да ја информираме јавноста – ги демантираме наводите изнесени во дел од медиумите дека била „забранета комуникација на вработените со техничката дополнителна заменик министерка за финансии“.
Организацијата на работата на Министерството за финансии, како и кај секој државен орган, е точно утврдена и пропишана со Процедури за работа. Согласно Процедурите за работа, вработените го работат предметот, го доставуваат до раководното лице на одобрување, а потоа до Кабинетот на одобрување – што е пракса години наназад. Структурата на изработка и проверка на предмети постои токму со таа цел – проверка и точност на податоци.
Обидот да се претстави пропишаната процедура за работа како завера од страна на одредени медиуми, не го гледаме како ништо друго освен обид за политичко поентирање преку лажни вести. Тоа е спротивно на интересот на Министерството за финансии јавноста да биде навремено и точно информирана.
Во интерес на институцијата, вработените и првенствено – ГРАЃАНИТЕ, се надеваме на конструктивна соработка со техничката дополнителна заменик министерка и нејзините соработници.
Ново на Сител
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола