Метеорит удри во Месечината
Јапонскиот астроном Даичи Фуџи, инаку куратор на Градскиот музеј во Хирацука, снимил блесок на метеорит којшто се судира во Месечината. Ова се случило на 23 февруари, кога вселенското тело удрило близу кратерот Иделер Л.
Метеорите, во просек, се движат со брзина од околу 48.280 км/ч, па честопати при удар, поради големите брзини се создава интензивна топлина и настанува кратер, односно се случува еден вид експлозија. Таквите настани, доколку се доволно големи и се случат во текот на лунарната ноќ, на страна на Месечината свртена кон Земјата, се видливи за луѓето, објави порталот „Спејс“.
– Новосоздадениот кратер, веројатно, е со дијаметар од 10 метри и би можел да е снимен од Месечевиот извиднички орбитер на НАСА или индискиот „Чандрајаан 2“, изјави Фуџи.
Иако метеорите влегуваат во нашата атмосфера секој ден, огромното мнозинство од нив согоруваат по влегувањето. Но, Месечината има многу тенка егзосфера, што значи дека метеорите коишто не би стигнале до површината на Земјата, обично ја погодуваат Месечината, додавајќи нов „украс“ во нејзината и онака живописна површина со кратери.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица