Loading Video...
Ракомет
14. February 2021 - 18:04

Металург на двомеч против Висла Плок

Ракометарите на Металург вечерва и во вторник ќе одиграат два натпревари против екипата на Висла Плок. 
 
Гостувањето во Полска е во рамките од второто по квалитет европско натпреварување односно ЕХФ европската лига. 
 
На овој двомеч тимот од Автокоманда не ќе може да смета на неколкумина стандардни првотимци, кои поради повреда, односно позитивни тестови на Ковид-19, не отпатуваа за Полска, па оттаму екипата на Металург ќе ја има улогата на аутсајдер. 
 
Првиот, односно вечерашниот меч ќе започне во терминот од 20.45 часот, додека дуелот во вторник ќе се игра во терминот од 18:45 часот