Македонија
27. March 2024 - 11:45

Метална врата паднала врз малолентик кој играл во двор во училиште во Тетово

Вчера во 12 часот и 50 минути, 35-годишниот гостиварец М.Т. во СВР Тетово пријавил дека на 24-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, играјќи во дворот на основно училиште во околната населба Циглана, врз неговиот малолетен син паднала метална врата и му нанела повреди.

Toj бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.