Мета се сретнал со Мицкоски во Охрид
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска во Охрид се сретнал со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
-Меѓу прекрасните пријатели денес во Охрид! Среќен сум непосредно да им ја честитам победата на премиерот и лидер на ВМРО, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави Мета на Фејсбук.
Никогаш, додава, не сум се сомневал во победата на овој прекрасен тим, со карактер и многу визија.
-Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа и ПОБЕДИЈА! Разговаравме и за важноста на изградбата на Коридорот 8 и со задоволство ги слушам новитетите од нивната економска програма, пишува Мета.
Убеден сум, посочува, дека ВМРО под водство на Христијан Мицкоски ќе биде "најдобар пример како една партија му служи на својот народ и како ги цени, почитува и засилува граѓаните".
Мета во посебна објава пренесува моменти и од неговиот престој во Свети Наум.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово