Мета: Косово да го ратификува Договорот за демаркација со Црна Гора
Тирана го подржува потпишаниот Договор за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, изјави претседателот на албанскиот Парламент, Илир Мета по средбата со неговиот косовски колега Кадри Весели.
Како што јави дописникот на МИА, Мета при тоа ги повика пратениците во Собранието на Косово да го ратификуваат Договорот, на чие усвојување жестоко се противи косовската опозиција.
- Искажуваме целосна подршка на Договор за демаркација на границата со Црна Гора, од кој зависи либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово и надминувањето на политичката стагнација, порача синоќа Мета.
На заедничката прес-конфереција со Весели, Мета изрази поддршка и на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
- Убедени сме дека несомнено сите треба да го поддржиме дијалогот со Србија, бидејќи тој е неопходен за понатамошно зацврстување на стабилноста и безбедноста во нашиот регион, посочи Мета.
Тој изрази жалење во врска со, како што рече, неприфатливото апсење на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај во Франција, што, според него, е „потврда за недостигот на волја кај властите во Србија за нормализација на односите“.
Весели од своја страна изјави дека Приштина ќе продолжи со ангажирањето околу прашањето за ретификација на договорот за демаркација, а изрази уверување дека Харадиај наскоро ќе биде на слобода.
Весели за време на престојот во Тирана денеска ќе биде примен од албанскиот државен врв.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни