Мета ќе отпушти пет отсто од вработените, Цукерберг очекува „интензивна година“
Технолошката компанија Мета, сопственик на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп, најави дека ќе отпушти околу пет отсто од вработените со најниски резултати во компанијата, а нејзиниот извршен директор Марк Цукерберг им кажа на вработените во интерен меморандум дека 2025 ќе биде „интензивна година“.
Според извештајот за последниот квартал, Мета вработила околу 72.000 луѓе, така што намалувањето на работните места за пет проценти ќе влијае на околу 3.600 лица.
Засегнатите вработени ќе бидат известени до 10 февруари.
„Одлучив да ја подигнам границата на управувањето со перформансите и побрзо да ги исфрлам оние со слаби перформанси“, рече Цукерберг.
Компанијата претходно елиминираше 21.000 работни места или речиси четвртина од својата работна сила, во 2022 и 2023 година, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Мета тогаш посочи дека отпуштањата биле неопходни за да се подобри ефикасноста откако компанијата вработила премногу луѓе за време на пандемијата на коронавирус, објавија медиумите.
Ново на Сител
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник