Мета: Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово-Србија
Албанскот претседател Илир Мета на категоричен и јасен начин стави до знаење дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово-Србија“.
Во изјавата што Мета ја дал за косовската РТВ21, а ја пренсува тиранската телевизија Ора њуз, дијалогот меѓу Косово и Србија треба да се заврши на најдобар можен начин за двете земји но и за целиот регион, затоа што како што вели тоа е од клучно прашање кое може да ги забрза или успори сите процеси на европеизација.
Според него, иако Албанија меѓу првите ја признала независноста на Косово сепак не може да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, затоа што на тој начин „би ја кршела независноста на косовската држава“.
– Албанија меѓу првите ја призна независноста на Косово и неговите институции, но треба да биде јасно дека дијалогот со Србија е тема на косовските институции. Секое мешање на Албанија во овој дијалог или во одредени теми на овој дијалог практично претставува кршење на независноста и легитимитетот на косовските институции – смета шефот на албанската држава.
Одговарајќи на прашањето која е улогата на Албанија и која е и каква е нејзината позиција, Мета вели дека улогата на Албанија е да придонесе за поттикнување на косовските институции и политички фактори да работат заедно.
– Тоа со цел да се постигне консензус за клучните теми и можните решенија што ќе го направат овој историски момент реалност, финализирање на овој дијалог и меѓусебно признавање. Во исто време, е гаранција дека и Србија и Косово ќе бидат членки на Европската унија. Ова е прво – изјавил Мета.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто