Мет ЛеБланк со Крис Еванс ќе го водат „Топ Гиар“
Со новиот почеток на емисијата за автомобили „Топ Гиар“ на Крис Еванс, како ководител ќе му се придружи актерот Мет ЛеБланк, познат на јавноста од серијата „Пријатели“ каде го играше ликот на симпатичниот Џои.
крис Еванс, кој се приклучи на емисијата по заминувањето на Џереми Кларксон, не го крие воодушевувањето поради доаѓањето на ЛеБланк.
- Претставувањето на нашето најлудо сфаќање на автомобилите на екраните е работа од соништата и не се сомневам дека ќе расправаме за идеите на некои епски патувања. Едвај чекам со гледачите да го споделиме она што досега сме го снимиле, изјави Еванс.
ЛеБланк веќе се појавувал во Топ Гиер како гостин. Во февруари 2012 година возеше Киа Сид на патеката околу Топ Гиар за минута и 42,1 секунди и стана најбрзиот гостин на емисијата во автомобил, кој не е тркачки. Се појави е следната година, кога работеше споредбен тест на нов и стар модел на автомобил.
Емисијата ќе почне со емитување во мај на Би-Би-Си2, а од оваа телевизиска куќа наведуваат дека во нивната 39-годишна историја ЛеБланк ќе биде првиот водител на некоја нивна емисија, кој не е Британец.
Ново на Сител
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот