Мет Лебланк речиси го прегази колегата на снимање
Холивудскиот актер Мет Лебланк од неодамна се придружи на нова екипа на култната британска емисија „Top Gear“, а снимањето на емисијата која се занимава со автомобилизам не може да помине без опасни ситуции и неконтролирани удари на адреналин, нешто што актерот го дозна на потешкиот начин.
Така, во една од наредните емисии, ќе видиме дел каде Лебланк го тестира најновиот модел на Порше, а токму таа ситуација многу брзо прерасна од возбудлива во опасна. Имено, Лебланк не бил информиран дека снимателот ќе легне на патот за да сними што подобри кадри, ниту пак актерот го видел пред себе додека бил во автомобилот.
- Јас не бев свесен дека снимателот лежи на патот и снима. Дадов гас и речиси го убив. Сите викаа и мавтаа со рацете да го запрам автомобилот. Се уште се тресам од страв кога ќе се сетам на тоа, откри Мет пред новинарите и додаде.
- Многу ми е мило што е добро. Само секунди не делаа од несреќата, призна актерот.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари