-->
-->
Меси тајно преговара со Челзи?!
-->
Лионел Меси и неговиот татко Хорхе, во средата, поради даночно затајување беа осудени на затворски казни во времетраење од 21 месец, но тие нема да одат зад решетки, бидејќи според шпанските закони казните помали од две години можат да се служат условно.
Но самата пресуда може да донесе тектонски поместувања во фудбалскиот свет. Како што пренесуваат англиските медиуми, Меси сакал да ја напушти Барселона, бидејќи клубот не му пружил доволна поддршка за време на судењето.
Истите извори пренесуваат дека во изминатите десет дена таткото на Меси, Хорхе, бил виден на јахтата на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, каде го договарал трансферот на својот син.
Наводно Абрамович бил подготвен за трансферот да исплати 100 милиони фунти, а на Меси му била понудена неделна плата од околу 500.000 фунти.
Барселона по објавувањето на пресудата со официјално соопштение застана зад својот најдобар фудбалер, кој во овој клуб ја минува целата своја кариера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени
-
Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година
-
Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата
-
Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот
-
Обвинение за криумчарење луксузни автомобили
-
Судски совет денеска избира нов претседател
-
Се трага по уште едно лице – возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар