Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36) имаше нов одличен натпревар во дресот на Интер Мајами во МЛС лигата.
Интер Мајами триумфираше со 6:2 против Њујорк Ред Бул, а Меси, освојувачот на „Златната топка“ за 2023 година, запиша два рекорди во натпреварувањето.
Прв по број на асистенции во еден натпревар, и втор по бројот на асистенции+голови од страна на еден играч. Треба да се напомене и дека Аргентинецот постигна еден гол против Њујорк Ред Бул.
Она што е навистина импресивно е што на полувремето беше 0:1 (единствениот гол за гостите го постигна Ванзеир), а потоа започна гол серијата на Интер Мајами.
Рохас погодува во 48 минута за 1:1, а само две минути подоцна Меси на асистенција на Суарез постигнува гол за 2:1. На 3:1 зголеми Рохас во 62 минута, а потоа на сцена стапи Луис Суарез кој запиша хет-трик со погодоци во 69, 75 и 81 минута од натпреварот.
Гостите постигнаа уште еден гол од пенал во седмата минута од судиското надополнување преку Форсберг. Заедно со Суарез, Меси сега е водечки стрелец во американска МЛС лига со 10 гола, а воедно има и најголем број асистенции (12).
Ново на Сител
-
ЈП Градски паркинг - Скопје од утре со летно сметање за зонско паркирање
-
Лани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени
-
Во завршна фаза преговорите за новата Влада
-
АА: Ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Следните денови сончево и топло, во попладневните и вечерните часови локален пороен дожд и грмежи
-
До 22 јуни опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок
-
Најмногу склучени бракови во Чаир и Липково во првиот квартал