-->
-->
Меси се сели во САД
-->
Аргентинската легенда Лионел Меси кариерата ја продолжува во Америка каде ќе настапува за Интер од Мајами.
По две сезони минати во францускиoт Пари Сен Жермен, поранешниот играч на Барселона реши да ја одбие попрофитабилната понуда на Ал Хилал од Саудиска Арабија, каде што настапува неговиот најголем ривал, Португалецот Кристијано Роналдо.
Договорот од Мајами вклучува и соработка на брендовите Адидас и Епл.
Меси седум пати ја освојуваше Златната топка, што значи дека е прогласен за најдобар играч на светот, а се очекува да ја освои и оваа година откако со Аргентина ја освои светската титула на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Тој сакаше да остане уште една сезона во Европа, но откако не доби задоволителни понуди, имаше избор помеѓу Интер Мајами или Ал-Хилал.
Многумина навиваа тој да замине во Саудиска Арабија, каде ќе им се придружи на Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Понудата на Интер Мајами му се допадна на Меси од повеќе причини - начинот на живот и зделките со големите брендови кои се протегаат надвор од фудбалот.
Дополнително, тој веќе поседува куќа во Мајами која моментално ја издава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија
-
Иран, по резолуцијата на МААЕ, најави изградба на нова постројка за збогатување на ураниум
-
Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
-
Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112
-
Усвоени неколку закони на 53. седница на Собранието