Фудбал
23. April 2021 - 9:42

Меси прв фудбалер со 25+ голови 12 сезони по ред

 Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна два гола во победата од 5:2 остварена синоќа над Хетафе во шпанската Ла Лига.

Триесет и тригодишниот Аргентинец ги постигна 24. и 25. погодок во сезоната. Така,  Меси постави рекорд со 25 или повеќе дадени голови 12 последователни сезони.

Најблизу до достигнувањето на Меси беше фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој играше за Реал Мадрид. Португалецот постигна 25+ голови во 11 од последните 12 сезони во лигата. Тој во сезоната 2018/2019 имаше 21 гол во Серија А.